Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ги постигна двата гола синоќа во победата на Абердин над Ливингстон.

Ова беше натпревар од 12. коло на шкотската Премиер лига.

Гостите први дојдоа во водство, но Македонецот погоди за изедначување во финишот на првиот дел, додека во 65. минута ги постави конечните 2:1.

За Миовски ова беше осми погодок во тековната сезона во шкотското првенство.

Абердин по 16 натпревари има 19 бода и во моментов се наоѓа на осмата позиција на табелата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.