По ждрпката во Франкфурт за составите на квалификациските групи за пласман на фудбалкото ЕУРО 2024 во Германија, селекторот на Македонија, Благоја Милевски оцени дека неговите избраници ја добиле најтешката група.

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ждрепката во Франкфурт одлучи да биде дел од групата Ц во која се и екс светските и европски шампиони Англија и Италија, силната Украина и незгодната Малта.

– Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе, изјави за официјалниот сајт на ФФМ селекторот Благоја Милевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.