„Честитки за моите фудбалери за истрајноста, решителноста и трпението кое го имаа од почетокот до крајот. Едноставно момците беа решени да го добиеме натпреварот денеска. Жал ми е што пропуштивме неколку прилики и порано не го одлучивме натпреварот. Кога играте против противник со толку густа одбрана за напаѓачите останува многу малку простор, а денеска сите си ја одиграа својата улога како што треба. За дефанзивата нема што да кажам и во овој натпревар, повторно не примивме гол и изгледавме одлично како целина“, изјави селекторот Благоја Милевски откако Фудбалската репрезентација на Македонија се пласираше на првото место во групата на Лигата на нациите, со вечерашната победа над Летонија (1-0) во петтото коло од Ц сегментот, група 4.

Елиф Елмас се пожали на повреда поради која мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

„Елиф не можеше да продолжи, но секоја чест за него што сакаше да игра иако имаше проблем со задната ложа.Македонија треба да е среќна и горда што има еден таков проблем.

Кога е Фарски Острови во прашање и натпреварот в недела Милевски очекува да биде уште потешко.

„По денешниот натпревар ја остваривме примарната цел, но сега сме во ситуација да играме за плеј-оф каде што само привилегирани репрезентации може да се најдат. Сигурен сум дека момците ќе дадат максимум и ќе се посветат за да остварат нова победа.Знам дека в недела може да биде и уште потешко, но ќе се обидиме да победиме“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.