Раководството на Милан сака да го продолжи договорот со напаѓачот Оливие Жиру.

Ова го пренесува инсајдерот Николо Шира на социјалните мрежи.

Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, во моментов претставници на „росонерите“ водат прелиминарни преговори за продолжување на договорот со 36-годишниот Французин до 2024 година.

Жиру синоќа беше двоен стрелец во победата на Милан над Салцбург со 4:0.

Актуелниот договор на фудбалерот со клубот од Милано е до крајот на јуни 2023 година.

Жиру му се приклучи на Милан во јули 2021 година и има 55 настапи за клубот, постигнувајќи 22 гола и осум асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.