Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси му се заблагодари на Диего Марадона по добивањето на Златната топка.
– Денес би сакал да го спомнам Диего. Нема подобро место да му честитате роденден. Има толку многу луѓе овде кои го сакаат фудбалот како што тој сакаше. Каде и да си Диего, среќен роденден. Оваа награда важи и за тебе, изјави Меси.
Триесет и шестгодишниот Аргентинец ги победи Ерлин Халанд (Манчестер сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ), кои го освоија второто, односно третото место.
Минатата година Меси го освои Светското првенство во 2022 година, кое се одржа во Катар. Во финалето, селекцијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, пенали 4:2). Меси беше прогласен за најдобар играч на финалето и на целиот турнир. На 7 натпревари на Светското првенство постигна седум гола и три асистенции.
За Меси оваа Златна топка беше осма во кариерата. Тој претходно беше прогласен за најдобар играч во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.