Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси проговори за својата состојба по повредата добиена вчера во финалето на Копа Америка против Колумбија.

Напаѓачот го напушти теренот во 66. минута од натпреварот поради повреда на скочниот зглоб.

– Турнирот заврши, сакам да им се заблагодарам на сите за честитките и зборовите за поддршка. За среќа, ми оди добро и наскоро ќе можам да се вратам на теренот и уште еднаш да уживам во она што најмногу сакам да го правам. Среќен сум затоа што ја постигнавме нашата цел. Благодарност до сите што не поддржаа, нашиот тим има многу сегашност и иднина. Напред Аргентина! – напиша Меси на своите социјални мрежи.

Аргентина ја освои Копа Америка по 16-ти пат во историјата, што е рекорд на турнирот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.