Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник го коментираше можното продолжување на договорот со играчот од средниот ред Пол Погба.

Важечкиот договор на францускиот фудбалер со клубот од „Олд трафорд“ е до крајот на сезоната 2021/22.

– Пред да зборуваме за потпишување нов договор, тој треба да се врати во форма. Разговаравме кога се врати од Дубаи. Сега сЕ е во негови раце. Не треба јас да го убедувам да остане, изјави Рангник за Би-би-си.

Во тековната сезона, Погба одигра 13 натпревари во сите натпреварувања и забележа седум асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.