Наполи го финализираше трансферот на Скот Мектомини. Шкотскиот играч за врска пристигна во составот на „небесно сините“ од Манчестер Јунајтед за сума од 30,5 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ ќе добијат и 10% од следната продажба на својот младинец.

Мектоминипотпиша договор со Наполи на 4 години во кој ќе добива по 3 милиони евра годишно. Шкотланѓанецот е шестото ново засилување на Антонио Конте по Ромелу Лукаку, Давид Нереш, Алесандро Бонџорно, Рафа Марин и Леонардо Спинацола.

Мектомини одигра вкупно 255 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 29 гола. Тој беше во последната година од договорот со англискиот клуб.

Се очекува за неколку часа Наполи да привлече уште еден Шкотланѓанец – Били Гилмор од Брајтон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.