Манчестер јунајтед и Баерн се уште не се договориле за трансферот на дефанзивецот на Баварците, Матијс де Лихт.

Според инсајдерот Флоријан Плетенберг, ниту една понуда на Манчестер јунајтед не надминува 40 милиони евра, додека Баерн најверојатно ќе бара 50 милиони плус дополнителни бонуси.

Претходно претседателот на Баерн, Ули Хенес призна дека 24-годишниот фудбалер би можел ова лето да се пресели во Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2023/24, холандскиот дефанзивец одигра 30 натпревари за тимот од Минхен, постигна два гола и една асистенција.

Договорот на Де Лихт е до крајот на јуни 2027 година.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 65 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.