Маракана. Најголемиот стадион во Србија и на Балканот. Навивачите се горди што имаат ваква “светиња“ изградена во 1963 година.

Овој стадион буквално пропаѓаше  и во  во 2014 година немаше ниту струја, ниту пари за бојадисување на просториите, а реновирањето на стадионот беше невозможно поради беспарицата во која се најде Црвена Звезда.

Честопати терените не се полеваа, немаше вода, а стадионот беше обраснат со плевел како напуштена куќа. Се почна да паѓа како домино, а одговорните мораа да најдат начин да го спречат колапсот по секоја цена

Сега Маракана блеска со поинаков сјај, европски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.