Манчестер сити беше убедлив со  Спортинг на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со резултта 0:5.

„Граѓаните“ ја оправдаа фаворитската улога во Лисабон и реваншот на „Етихад“ би требало само формалност за играчите на Пеп Гвардиола и рутински ја одработат задачата до пласманот во четвртфиналето.

Гвардиола на „Хозе Алваладе“ во Лисабон се реши за Марез, Фоден и Стерлинг стандардно во напаѓачката линија, а тројцата му одговорија со погодоци. „Граѓаните“ со леснотија даваа голови кај Спортинг и веќе го решија двомечот. Домашните уморни од тешкото дерби со Порто викендов немаа сили за ништо против фаворитот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.