Бразилскиот играч за врска Касемиро во следните неколку денови треба да стави потпис на договор со премиерлигашот Манчестер јунајтед, пренесуваат денеска британските медиуми.
Според истите извори, 30-годишниот бразилски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со Манчестер јунајтед, а англискиот прволигаш до мадридски Реал испратил понуда во висина од 60 милиони евра плус десет милиони евра во бонуси.
Касемиро во Јунајтед треба да заработува двојно повисока плата отколку во Реал.
Медицинските прегледи се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден, по што треба да потпише договор на четири години со опција за продолжување за уште една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.