Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 19. коло на Премиер лигата против Астон вила. Јунајтед победи со 3:2, иако гостите имаа водство со 2:0 до 59. минута.

– На полувремето им кажав на момците да продолжат да веруваат во себе, но и да се обидат да создадат уште повеќе шанси. Требаше да вршиме се поголем притисок. Видовте што се случи кога при резултат 1:2 додадовме притисок. Реков пред натпреварот дека игравме рамноправно со Арсенал, игравме рамноправно со Ливерпул, па ако дадеме се од себе можеме да победиме секого. Се покажа дека и кога губиш со 0:2, не е важно ако покажеш карактер, а моите фудбалери покажаа дека навистина имаат карактер. Мислам дека тоа беше многу добар тимски настап, рече Тен Хег, за „Би-би-си“.

Манчестер јунајтед ја прекина серијата од три натпревари без победа (два пораза и едно реми) во Премиер лигата. Тимот на Ерик тен Хаг со 31 бод се наоѓа на 6. место во поредокот на англискиот шампионат.

Серијата без пораз на Астон Вила од седум натпревари (пет победи и две нерешени) беше прекината. Тимот на Унаи Емери е трет на табелата во Премиер лигата со 39 бодови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.