Македонската женска сениорска, како и репрезентацијата до 19 години, идната недела ќе заминат за Бугарија на еднонеделен тренинг камп во рамки на кои ќе одиграат и контролни натпревари, соопшти ФФМ.

Најдобрите македонски фудбалерки, предводени од селекторот Александар Андов, од 21 до 29 октомври ќе тренираат во Банско, а ќе одиграат и два натпревари против Молдавија.

Првиот е закажан за 24 овој месец на стадионот во Разлог, а вториот ќе се одигра на истиот стадион три денови подоцна.

На тренинг камп во истиот период во Разлог ќе бидат и македонските фудбалерки до 19 години, кои ќе одиграат и два контролни натпревари против Бугарија.

Натпреварите се закажани за 24 и 27 октомври во Разлог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.