Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години денеска обезбеди промоција во А дивизијата на УЕФА и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство 2023.

Македонската репрезентација попладнево на квалификацискиот турнир во Албанија ја забележа и втората победа совладувајќи го Косово со 2-1 и на коло пред крајот го обезбеди првото место во групата 2 од Б лигата.

Со тоа избраничките на селекторот Катерина Милеска изборија промоција во А лигата и на пролет ќе ги играат завршните квалификации за пласман на ЕП чиј домаќин во мај идната година ќе биде Естонија.

Жрепката за квалификациските групи во А лигата е закажана за 7 декември.

На денешниот дуел во Рогожине, Косово поведе во 7 минута преку Паци, но Митковска со два кола (35, 45+1), донесе резултатски пресврт и голема победа со која Македонија го обезбеди првото место во групата пред завршниот дуел против Молдавија в понеделник



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.