Македонската женска фудбалска репрезентација со победа го почна настапот во Лигата Ц од квалификациите за Европското првенство 2025, совладувајќи ја Летонија на гостински терен во Рига со 4:3 (3:1).
Домашната репрезентација дојде во водство во 7. минута со голот на Карлина Максоне, но македонските фудбалерки во следните 25 минути целосно го свртеа резултатот во своја корист преку Гентјана Рочи (17. минута), автоголот на Анастасија Рочане (25) и капитенот Наташа Андонова (32).
Во вториот дел уследи уште еден автогол на домаќинките преку Ана Кристине Корнела за водство на Македонија во 69. минута од 4:2, а конечниот резултат го постави Анастасија Полоховича во 76. минута.
Избраничките на селекторот Александар Андов, кој дебитираше на македонската клупа, во второто коло, на 9 април во Скопје, ја пречекуваат селекцијата на Словенија, која во воведното коло на домашен терен беше поуспешна од Молдавија со 2:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.