Македонската фудбалска репрезентација до 19 години забележа минимален пораз од 2:1 од соодветната селекција на Србија во рамките на првото коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.

Двоен стрелец на средбата што се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски” беше Марко Лазетиќ. Напаѓачот на српската репрезентацијата во 35. минута од пенал го постигна првиот гол на мечот. Во 80. минута погоди за зголемување на предноста на Србија на 2:0.

Единствениот погодок за „црвено-жолтите“ го постигна Зенку во 86. минута од средбата.

Селекторот Неџат Шабани го почна натпреварот со следните 11: Тасев, Серафимов, Османи, Младеновски, Павлевски, Трајков, Мурати, Елези, Ангелов, Ташов, Чилафи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.