Фудбалската репрезентација на Македонија во декември, по завршувањето на новиот циклус во Лигата на нации, ќе ги дознае ривалите во квалификациите за пласман на СП во 2026 година.
Само првопласираната селекција ќе добие директна виза за турнирот во САД, Мексико и Канада, додека второпласираната ќе влезе во плејофот заедно со четирите најдобри селекции од Лигата на нации.
Во европските квалификации ќе има 12 групи кои ќе бидат составени од пет или четири селекции. Групите со пет селекции квалификациите ќе ги започнат во март наредната година, додека во септември 20205 година ќе започнат натпреварите во групите составени од четири селекции.
Македонија во декември кога ќе се изврши жрепката ќе биде во третиот „шешир“ то значи дека неможе да биде во иста група со Шкотска, Република Ирска, Словенија, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, Северна Ирска, Босна и Херцеговина и Израел.
ПРВ ШЕШИР: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија
ВТОР ШЕШИР: Украина, Турција, Полска, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Словачка, Романија, Норвешка, Грција, Чиле.
ТРЕТ ШЕШИР: : Шкотска, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Ирска, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Израел.
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Бугарија, Холандија, Ерменија, Белорусија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Литванија, Летонија, Финска
ПЕТТИ ШЕШИР: Молдавија, Андора, Малта, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.