Пред продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига, штипска Брегалница дополнително го засили средниот ред.

Ново име во редовите на „сините“, како што е соопштено, е младиот Австралиец со македонско потекло, Зак Кочанковски.

Дваесетгодишниот Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.

Брегалница е третопласирана на табелата по воведните пет натпревари во новата сезона со девет бодови, а клупските амбиции се прв пат во историјата да обезбеди настап на европската сцена следната сезона



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.