Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да купи нов голман по поразот од Барселона (0:4) во 11. коло од шпанската Ла Лига, пренесува „Realmadridexclusivo“.
Поради повреда на Тибо Куртоа, на Ел класико бранеше Андреј Лунин.
Според изворот, поради неуспешниот исход на натпреварот, Перез решил да се здобие со нов голман. Голманот на Лил, Лука Шевалие, наводно е еден од кандидатите.
Реал Мадрид е втор во Примера со 24 бода по 11 кола. Тимот на Карло Анчелоти заостанува шест бода зад Барселона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.