Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Марко Ројс (35) е нов член на американскиот МЛС тим ЛА Галакси, со кој потпиша договор на две и пол години.
Ројс по 12 години минати во „жолто-црните“ на крајот од минатата сезона ја напушти Борусија Дортмунд, а во Лос Анџелес пристигна без обесштетување.

Додека настапуваше за Борусија, Ројс двапати беше прогласуван за играч на сезоната во Бундеслигата додека го носеше дресот на Борусија, а за бундеслигашот од Дортмунд на 429 натпревари постигна 170 голови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.