Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди денеска потпиша нов едногодишен договор со клубот од Премиер лигата.
Поранешниот англиски репрезентативец Варди го носи дресот на Лестер од 2012 година и на 464 натпревари постигна 190 голови.
Триесетиседумгодишниот напаѓач ја освои Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/16, како и ФА Купот, Комјунити Шилд, како и две титули во Чемпионшип, вклучувајќи го и враќањето во Премиер лигата изминатата сезона.
„Се радуваме на уште една сезона во Премиер лигата која е пред нас, за да видиме што можеме да направиме. Тоа е најдобрата лига во светот, таму сакате да играте“, рече Варди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.