Либерално-демократската партија направи храбар чекор за спас на ФК Вардар, претставникот на партијата во Советот на Град Скопје, Никола Пановски, на 32. седница на Советот предложи иницијатива за издвојување од буџетот средства за институционална помош на ФК Вардар.
Согледувајќи ја потребата за единство и колективно дејствување, ЛДП стои на чело на иницијативата за спасување на ФК Вардар кои се во статус кво. Наместо да се потпира само на корпоративните донации, кои често предизвикуваат непотребни политички битки, ЛДП се залага за институционален пристап за одржување на работењето на клубот.
Цврсто веруваме дека е време сите инволвирани страни да им дадат приоритет на играчите и добробитта на клубот пред политичките ривалства. Ги повикуваме ВМРО и СДСМ да исчекорат, да престанат со дослухот и да го поддржат нашиот предлог за доброто на ФК Вардар и неговите посветени навивачи.“ велат од ЛДП.
ФК Вардар на својата неодамнешна прес-конференција даде отчет за тековните напори преземени досега за заживување на клубот. Нивната акција која е во тек, нудејќи сезонски билети по цена од 1.000 денари, наиде на позитивен одзив и поддршка од верните фанови. Преку иницијативата се собраа потребните приходи, овозможувајќи му на клубот да ги исполни критичните оперативни активности.
Либерално-демократската партија смета дека предлогот за институционална поддршка на ФК Вардар е можност за сите инволвирани страни да ја покажат својата посветеност за доброто на спортот во нашиот град. Понатаму, ЛДП ја повикува Данела Арсовска, како градоначалничка, да ја поддржи оваа клучна иницијатива и да и даде одобрение.
ЛДП останува одлучна во својата посветеност за спас на ФК Вардар и ги повикува ВМРО и СДСМ да дејствуваат храбро и да гласаат за овој предлог. Преку надминување на партиските поделби, колективно можеме да обезбедиме посветла иднина за ФК Вардар и да ги одржуваме принципите на правичност и инклузивност во спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.