Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го именува Лаутаро Мартинез за еден од најдобрите фудбалери во светот.
– Тој само треба да продолжи да го прави тоа што го направи со Интер и Аргентина. Сметам дека тој е еден од петте најдобри фудбалери во светот. Го заслужува сиот овој успех, мислам дека ќе биде меѓу петте најдобри во борбата за Златната топка, изјави тренерот на „нероаѕурите“.
Напаѓачот на Интер го постигна победничкиот гол на вчерашниот натпревар со Рома во 8. коло од Серија А (1:0).
Интер кој е актуелен шампион на Италија, во моментов се наоѓа на второто место со 17 бода, два помалку од лидерот Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.