Американскиот фудбалски клуб Лос Анџелес Галакси е заинтересиран за поранешниот капитен на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, објави денеска Атлетик.

Ројс, кој во петокот наполни 35 години, ја одигра својата последна сезона со својот матичен клуб, кој загуби со 2-0 од Реал Мадрид во саботното финале во Лигата на шампиони во Лондон.

Офанзивниот играч за врска има понуди и од клубови од Саудиска Арабија и Европа, но сака да ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, во која за Ројс интерес покажуваат и Шарлот и Сент Луис Сити.

Марко Ројс, чиј договор истекува ова лето, вкупно 12 години настапуваше за Борусија Дортмунд и забележа 170 голови и 131 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.