Грузискиот фудбалски репрезентативец Хвича Кварацхелија е на чекор да договори продолжување на соработката со калчолигашот Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Менаџерот на Кварацхелија и претставници на Наполи ги договориле личните услови за Грузиецот да го продолжи актуелниот договор со значително зголемување на неговата плата, пишува весник „Ил Матино“.
Кварацхелија дојде во Наполи од грузискиот тим Динамо Батуми во летото 2022 година за 13,3 милиони евра,
Новиот договор се очекува да му донесе 5,5 милиони евра годишна плата, плус дополнителни 1,5 милиони евра годишно во бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во 2027 година, но ќе биде продолжен до јуни 2029 година со опција за уште една сезона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.