Бразилскиот фудбалер Филипо Кутињо ќе настапува до крајот на оваа сезона во редовите на катарски Ал Духаил, како позајмен играч од Астон Вила, потврди премиерлигашот од Бирмингем.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Ливерпул и минхенски Баерн, се сели во катарското првенство откако стана јасно дека не е во плановите на тренерот на Астон Вила, Унаи Емери.
Бразилецот оваа сезона запиша само два настапи за Астон Вила, последниот на 20 август против Евертон.
Кутињо за Астон Вила одигра вкупно 43 натпревари во кариерата и постигна шест голови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.