Косовската фудбалска федерација ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) против одлуката на УЕФА да го загуби службено натпреварот од групната фаза од Лигата на нации против Романија.
УЕФА и додели на косовската репрезентација пораз од 0:3 поради предвременото напуштање на теренот на крајот на средбата со Романците, која се одигра на 15 ноември.
– Не се согласуваме со одлуката на Косово да му се одземат три бода и да се брои резултатот 3:0 во корист на Романија. Поради ваквата одлука, федерацијата ќе поднесе жалба до ЦАС во Лозана, а притоа ќе продолжи да ги брани правата и интегритетот на нашата репрезентација, се вели во соопштението на федерацијата.
Косовските фудбалски репрезентативци го напуштија теренот во Букурешт поради, како што изјавија, извиците од трибините „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“.
Покрај поразот, УЕФА ја казни и косовската фудбалска федерација со шест илјади евра за недолично однесување на националниот тим
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.