Репрезентацијата на Колумбија ноќеска во Шарлот (САД) ја совлада селекцијата на Уругвај со 1:0 во полуфиналниот натпревар од Купот на Америка.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше фудбалерот за врска Џеферсон Лерма во 39. минута.
Во финишот на првото полувреме црвен картон доби дефанзивецот Даниел Муњоз, па Колумбијците во текот на целото второ полувреме играа со фудбалер помалку.
Колумбија во финалето на Копа Америка ќе се соочи со Аргентина. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.
Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.