Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем е прогласен за најдобар играч во Ла Лига според Здружението на фудбалери на Шпанија (АФЕ).

Во претходното издание на шпанското фудбалско првенство, англискиот фудбалер одигра 28 натпревари на кои постигна 19 голови и шест асистенции.

За Белингем сезоната 2023/24 беше дебитантска во Ла Лига.

Со Реал, Белингем го освои Шпанското првенство, Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија, УЕФА Суперкупот.

Пред да направи трансфер во Реал, Белингем играше за Борусија Дортмунд и Бирмингем сити



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.