Англискиот фудбалски великан Манчестер јунајтед подготвува летно „чистење“ во соблекувалната, пренесуваат денеска британските медиуми, наведувајќи дека дури 13 фудбалери би можеле да го напуштат клубот од „Олд Трафорд“.

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг сака да продолжи со обновата на екипата ова лето и ги сложува коцките од мозаикот на тимот, а според медиумите пред излезна врата од клубот се Ентони Еланга, Ерик Бајли, Арон Ван – Бисака, Алекс Телес, Дони ван де Бек, Факундо Пелистри, Брендон Вилијамс, Ентони Марсијал …

Клупскиот капитен Хари Мегваер, исто така, е меѓу играчите чија иднина на „Олд Трафорд“ е неизвесна.

Се шпекулира дека Тен Хаг ќе се обиде да го ангажира мексиканскиот напаѓач од Феенорд, Сантијаго Хименез (21), кој досега оваа сезона постигна 18 голови на 36 дуели во сите натпреварувања



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.