Поминаа точно 34 години од можеби најпознатиот натпревар кој никогаш не се одигра тој 13 мај 1990 година, поради дивеењето на навивачите на Звезда Делии. Една од иконите на тој хаос на Максимир беше нападот на Звонимир Бобан поради напад на тогашен милицинер задолжен за безбедноста на мечот.
Милиционерот Рефик Ахметовиќ беше удрен од Звонимир Бобан кој сега е кандидат за претседател на Хрватска.
– Можев да го убијам. Ме нападна на работа. Куже го спаси затоа што го одвлече од мене. Сакавме да ја смириме ситуацијата, а Бобан ги повика на терен Бад Блу Бојс. Беше режирано. Имав наполнет пиштол и колегите ме повикаа да пукам, но јас не сакав. Да продолжеше натпреварот, ќе имаше и смртни случаи. Кога малку се стегнавме со БББ-овите кои втрчаа на теренот од север и ги прашаа што ги натера да дивеат, го слушнавме следново: „Имавме договор да ја убиеме Пикси!“ Сите го кажаа истото, како им наредиле да го убијат Драган Стојковиќ. Но, штом дојде до промена на власта, се сменија и полициските одделенија, па никој не инсистираше да се открие наредбата за ликвидација на Пикси.
Бобан сега има 55 години и беше во врвот на УЕФА по големата кариера во дресот на Милан.
Со гордост се сеќава на тоа што се случи пред четврт век.
Се сеќавам со гордост што бев дел од таа приказна, заедно со Момците и хрватскиот народ. Тогаш ја ризикував кариерата, но некои други, безимени фанови, си го ризикуваа животот. Повторно би го удрил тој милиционер, но не сакав да бидам никаков херој, само реагирав на неправдата која трае со години. Војуваа херои, ние бевме само бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.