Мино Раиола почина денеска на 55-годишна возраст. Неговата борба траеше три и пол месеци откако беше примен во миланската болница „Сан Рафаеле“ со симптоми на тешка болест на белите дробови и ставен на интензивна нега. Најпознатиот фудбалски менаџер во светот не издржа.
Роден е во 1967 година во малото италијанско гратче Носер, но со родителите се преселил во Холандија кога имал една година.
Тој израснал во Холандија каде работел како асистент во ресторанот на неговиот татко – доставувал пици а во исто време се обидувал да започне фудбалска кариера. Бидејќи не бил премногу талентиран во фудбалот, набрзо се запишал на правниот факултет и се впуштил во менаџерските води. Не го заврши факултетот, но успешно влезе во светот на фудбалот.
На 20-годишна возрастја основа својата прва компанија и стана вработен во фудбалскиот клуб ХФЦ Харлем. Таму не останал долго бидејќи неговите идеи не наишле на плодна почва.
Првиот голем трансфер го направи со Павел Недвед во Лацио. Најмногу соработуваше со Ајакс, а многу му помогна и на Ибрахимовиќ кога дојде во Ајакс. Златан и тој беа домашни пријатели, а Ибра брилијантно го опиша во неговата книга „Јас сум Златан“.
Тој ми помогна да сфатам дека секогаш можам подобро”, напиша Златан во своите мемоари.
Опиша како изгледала една нивна средба.
Го извади бележникот и почна, Трезеге 20 гола на 24 натпревари, Инзаги 20 гола на 25 натпревари. Ибрахимовиќ пет гола на 25 натпревари. Па како да те продадам со тие статистики .
Според многумина, Раиола е најзаслужен за успехот на Златан. Тој го оддалечи Швеѓанецот од светот на гламурот и го натера да се посвети на фудбалот. Тој постојано беше со својот клиент, иако Раиола неколку пати призна дека биле блиску до физичка пресметка.
Од сите клиенти, Мино најмногу проблеми имал со Марио Балотели, кого признал дека го обожава.
– Марио е одлично момче и не е доцна за него. Светот ќе види многу повеќе од Балотели, сигурен сум во тоа – рече тој.
Марио живеше во Монте Карло со две деца, велејќи за себе дека е на пат 300 дена во годината, но и дека ужива во таков живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.