Хари Кејн, кој има силна сезона за Баерн Минхен, сака Баварците да победуваат до крајот на сезоната.
Англискиот репрезентативец досега има 30 гола во Бундеслигата, но шампионот заостанува десет бода зад лидерот Баер Леверкузен на девет кола до крајот на кампањата.
-Леверкузен останува фаворит, реалноста го покажува тоа. Единственото нешто што можеме да го направиме сега е да победуваме. Имаат фантастична сезона и ние го почитуваме тоа. Се надеваме дека ќе ги добиеме нашите натпревари и можеби тие некаде ќе изгубат бодови, прокоментира искусниот напаѓач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.