Искусниот дефанзивец Огњен Врањеш, поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина е нов член на Чукарички од Белград.
Врањеш потпиша едногодишен договор со Брѓани и ќе биде големо засилување за српскиот клуб кој ќе игра во групната фаза од Конференциската лига.
Драго ми е што постигнавме договор и што ќе го носам дресот на Чукарички во остатокот од сезоната. Знам од каде доаѓам, знам дека ова е многу организиран клуб, во самиот врв на српскиот фудбал и се радува на нов предизвик. Убеден сум дека ќе придонесам за тимот со моето искуство и квалитет, дека заедно ќе ги постигнеме сите зацртани цели. На мене е да работам напорно, да ја оправдам довербата на сите во клубот со моите настапи на теренот – изјави Врањеш.
Тој е познат по секс скандалот со Јелена Карлеуша по што таа се разведе од Душко Тошиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.