Начо Фернандез, капитенот на Реал Мадрид, неодамна пред финалето на Лигата на шампионите изјави дека донел одлука каде да ја продолжи кариерата и дека ништо не може да ја промени неговата одлука.
Сега е јасно што сакаше да каже со тоа. Одличниот стопер по две децении го напушта клубот и заминува во Саудиска Арабија.
Тој се договори со Ал Итихад, за кој настапува неговиот поранешен клупски колега Карим Бензема. Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој ќе добива дури 20 милиони долари по сезона, што е четири пати повеќе од приходите кои ги имал во Реал.
Со кралскиот клуб Начо освои шест европски шампионски титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.