Црногорскиот тренер Миодраг Божовиќ кој се споменува како нов селектор на Македонија на местото на Боби Милевски важи за голем поддржувач на Путин и Русија. Популарниот „Гроф“ во едно интервју за руски медиуми призна дека отсекогаш го поддржувал Путин и за него тој е еден од најмоќните лидери во светот, а Русија е една од најмоќните земји.
Жал ми е што сето ова се случи меѓу Русија и Украина. Тој конфликт го доживувам како конфликт меѓу два идентични народи, како конфликт меѓу браќа. Генерално, мислам дека ова е резултат на акциите на Америка. Тие ја турнаа Украина во конфронтација со Русија, благодарение на тоа што НАТО стигна до руската граница. Можете ли да замислите Русија да постави ракети некаде во Мексико, на границата со САД? Како би реагирале тогаш?, изјавил тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.