Италијанскиот тренер и поранешен репрезентативец Фабио Канаваро е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.
„Скај Италија“ објави дека Канаваро веќе имал средба со раководството на Полската фудбалска федерација во Краков и преговорите добро напредуваат.
Полска е без селектор по заминувањето од должноста на Пауло Соуса, кој ја предводеше репрезентација на 15 натпревари и оствари ефект од шест победи, пет нерешени и четири порази.
Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите за полски селектор е и поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.