Фудбалерите на Работнички ќе ја продолжат сезоната во Првата македонска фудбалска лига со нов тренер, откако досегашниот шеф на стручниот штаб Љупчо Марковски денеска поднесе оставка на должноста.
Марковски заминува од тренерското место ден по високиот пораз на Работнички од Шкупи (0-5) во рамки на седмото првенствено коло.
Работнички соопшти попладнево дека оставката на Марковски е од морални причини, а екипата в среда во куп – натпреварот против БВК Коњари ќе ја предводи досегашниот прв асистент Стојан Игњатов.
Марковски седна на клупата на Работнички пред стартот на сезоната, а во воведните седум кола освои само четири бодови, оставајќи го скопскиот прволигаш на претпоследното место на табелата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.