Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор зборуваше за неговиот однос со соиграчот Џуд Белингем.
– Јас сум голем обожавател на талентот на Белингем. Направив се што можев за да го натерам да ни се придружи. Се надевам дека Џуд ќе продолжи да постигнува голови и ќе стане најдобар стрелец во шпанското првенство. Имаме одлична врска. Двајцата сме среќни во Реал Мадрид, изјави Винисиус за „Madrid Zone“.
Белингем се пресели во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд во 2023 година. Сезонава за мадридскиот тим одигра 40 натпревари на кои постигна 23 гола и 12 асистенции.
Реал Мадрид веќе ја обезбеди титулата во Ла Лига.
На 1 јуни „Кралевите“ ќе играат против Борусија во финалето на Лигата на шампионите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.