Манчестер јунајтед постигна начелен договор со напаѓачот Маркус Рашфорд за продолжување на неговиот договор, објави „Sky Sports“.
Според изворот, новиот договор на 25-годишниот Англичанец ќе се пресметува до летото 2028 година.
Рашфорд е во Манчестер јунајтед од јануари 2016 година. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2024 година.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.
Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра 55 натпревари на кои постигна 30 голови и шест асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.