Нашиот играч, Јован Гиевски, се наоѓа во ТОП-5 најдобри стрелци во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња, соопшто ФК Кул на својот фејсбук профил.
Генерацијата 2009 се наоѓа на второто место со 19 освоени бодови и три натпревари помалку од првопласираниот тим на Куманово 2012.
Јован Гиевски одигра одлична полусезона и постигна 7 голови со кои се наоѓа во ТОП-5 листата на најдобри голгетери во оваа лига.
Што се однесува до играчите кои во есенскиот дел постигнуваа голови за оваа генерација, вака изгледа листата:
1. Јован Гиевски -7
2. Филип Дукоски, Матеј Ивановск и Јорго Цаца -3
3. Теодор Љубомировски и Кирил Стојановски -2
4. Петар Крчаноски и Иван Смилевски -1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.