Инцидент се случи пред почетокот на натпреварот меѓу Шкупи и бугарскиот Левски на Арената „Тодор Проевски“. Немилите сцени продолжија и на стадионот.

Каменувана е колона на бугарски навивачи во Чаир. Локалните жители на Чаир фрлаат канти за ѓубре и удираат по автомобили во кои биле бугарски навивачи.

Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата. Има и приведени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.