Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свое видување за средбата со Торино.

Актуелниот италијански шампион синоќа го совлада Торино со 3:2 во домашниот натпревар од 7.коло на Серија А.

– Победивме три пати по ред откако го загубивме дербито со Милан. Не можам да му замерам ништо на тимот. Заслужено ги добивме сите три натпревари. Мора да се подобриме во одредени аспекти, секоја грешка скапо не чини. Сите знаеме дека мора да продолжиме да работиме во истиот дух, рече Инзаги.

Со 14 освоени бода, Интер се наоѓа на второто место во Серија А.

На 20 октомври Интер ќе гостува кај Рома во 8. коло



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.