Жорди Алба го нарече неправеден форматот на плејофот во американската МЛС-лига.
Интер Мајами синоќа е елиминиран во осминафиналето на МЛС од Атланта.
– Имаме добра сезона зад нас, но сакавме да победиме уште повеќе. Не сум јас тој што сега нешто ќе смени. Но, овој формат ми изгледа малку неправеден. Очигледно, тоа е така долги години, но да е до мене, би предложил шампионот на едната конференција да игра против другата. Тоа би било фер. Повторувам, честитки за противничката екипа. Мислам дека одлично се бореа со нас, голманот беше одличен и добар, изјави дефанзивецот на Интер Мајами.
Покрај Алба, за Интер Мајами настапува и Лионел Меси
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.