На денешен ден во 1973 година е роден легендарниот уругвајски фудбалер Фабијан О’Нил. Во 1996 година потпиша за Каљари каде остана до 2000 година, кога се пресели во Јувентус. Во јануари 2002 година, тој потпиша за Перуџа и на крајот се врати во Каљари, кој тогаш беше во Серија Б.
Следуваше пензионирање и О’Нил се врати во Уругвај каде се посвети на одгледување стока на ранч. Сепак, во јануари 2003 година, тој реши да се врати на најважната споредна линија во светот и повторно потпиша за Насионал. Сепак, тој во таа сезона играше само пет пати за уругвајскиот прволигаш.
Наместени натпревари во италијанскиот фудбал
„Додека бев играч на Каљари, договорив меч со Киево. На двајцата ни одговараше реми додека се боревме за опстанок. Добивме и награда од челниците на нашите клубови за опстанок во лигата. Договорив ждрепка со капитенот на Киево, како и со моите соиграчи, сепак отидовме кај обложувалниците за да се израмниме. А потоа примивме гол до крајот на натпреварот“, изјави Уругваецот.
Тој истакна дека наместил еден натпревар додека настапувал за Перуџа.
Бев капитен на Перуџа. Се договорив за резултатот и сите повторно се обложивме. Се помина како што се договоривме”, изјави О’Нил.
Залудно потрошени пари за обложување, бавни коњи и брзи жени!
Кога потпишав за Јувентус, од идол на тимот се претворив во најлошиот играч, бидејќи околу мене имаше феномени како Зидан. Само поради него сега навивам за Реал”, откри О’Нил.
Тој вели дека целосно банкротирал.
Не ми остана ништо. Потрошив 14 милиони долари. Кој е виновен? Бавни коњи и брзи жени.Јас сум сиромашен, но повторно сум среќен. Главната работа е што јас и моето семејство имаме што да јадеме. Најдов нови пријатели, вистинските, а не лажните кои беа покрај мене кога бев богат. “
О’Нил трошел пари и на алкохол и ноќен живот.
Тоа е моја вина. Жените се заљубија во мојата пијана верзија, а потоа се обидоа да ме променат. Никој не можеше да ме промени. Дури ми понудија помош од психолог. Дури и моите поранешни сопруги се побогати од мене-призна фудбалерот кој денес работи како келнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.