Голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера одговори на критиките од Жозе Мурињо кои се однесуваа на турската фудбалска лига.

Португалецот кој го предводи Фенербахче изрази незадоволство од арбитражата во турската Суперлига.

– За прв пат во мојата кариера, сметам дека е неопходно да се изјаснам за ова прашање. За 14 години освоив 17 трофеи и секогаш се трудев да го промовирам турскиот фудбал. Мурињо е тука само четири месеци и веќе ја критикува нашата лига. Ако не му се допаѓа тука, никој нема да го задржи со сила, изјави голманот на Галатасарај, кој за клубот од Истанбул настапува од 2011 година.

Англиските медиуми пред неколку дена најавија враќање на Мурињо во Премиер лигата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.