Селекторот на данската фудбалска репрезентација, Каспер Хјулманд (52) поднесе оставка, соопшти Данскиот фудбалски сојуз (ДБУ).

Хјулманд ја предводеше данската репрезентација до полуфиналето на Европското првенство во 2020 година и осминафиналето на неодамнешното ЕУРО во Германија, додека на последното Светско првенство во 2022 година Данците беа елиминирани во групата.

На последните два големи турнири, СП 2020 и ЕП 2024, Данска одигра седум натпревари без победа и со само три постигнати гола.

-На тимот му треба нова енергија. Беше неверојатна чест и привилегија да бидам селектор на репрезентацијата четири години. Дадов се од себе за да постигнам успех и да ги соберам луѓето околу тимот. Да ја претставувам мојата земја е апсолутно најголемата работа што можам да ја замислам, но не се работи за мене, се работи за тоа што е најдобро за тимот, изјави Хјулманд за веб-страницата на ДБУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.