Англиските медиуми креваат паника пред мечот со Србија на стартот од натпреварувањето во групата Ц (недела, 21.00 часот) на Европското првенство во Германија.
Дејли Мејл објави напис под наслов „Српската армија насилници од про-Путин ултраси ќе дојдат во Гелзенкирхен.
Германската полиција нема точни информации и конкретни разузнавачки податоци, но веруваат дека ќе пристигнат 400 до 500 српски хулигани, желни за насилство.
Навивачите на стадионот на Шалке ќе смеат да купат два алкохолни пијалаци за време на натпреварот, но нема да смеат да ги пијат на трибините. Оние кои ќе престојуваат надвор од стадионот ќе бидат понудени со бесплатен превоз да се преселат во контролираната фан зона наместо на местата во центарот на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.