На крајот на минатата година се појавија фотографии кои навестуваа дека легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро, има нова сентиментална врска, а таквите шпекулации се потврдија неодамна, кога поранешниот фудбалер на Реал Мадрид присуствуваше на свадбата на сегашната увезда на „Кралскиот клуб“, Марко Асенсио.

Придружничка на Јеро на свеченоста беше, Фани Стипковиќ, хрватска новинарка и модел, која во своето прво интервју за шпански медиум ги обелодени деталите за тоа како го запознала Јеро и како почнала нивната љубовна приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fani Stipkovic (@fanistipkovic)

Го запознав на хуманитарен натпревар на стадионот „Ванда Метрополитано“ во декември 2019 година. За една германска телевизија известував за дуелто на „Ѕвездите на шпанската репрезентација“ против „Ѕвездите на светот“. Потоа разговарав со сите учесници и организацијата, па така се сретнав со Фернандо. Судбината не натера да се поврземе, почнавме да разговараме и со текот на времето поминувавме време за да се запознаеме – вели Стипковиќ за „Ванитатис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fani Stipkovic (@fanistipkovic)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.